Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром во Скопје, плаќа 300 евра за едно метро дрвена даска! Не кубик, не столб – едно метро, дрвена даска, 10 на 10 сантиметри, за Златко Марин треба да чини 300 евра, oбвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на изјава за медиумите пред општина Аеродром минатата недела.
По изнесувањето на ваквите скандалозни податоци од страна на Стоилковски експресно реагираше градоначалникот на општината Златко Марин кој ја обвини најголемата опозициска партија за ширење дезинформации за работата на Општината и на градоначалникот.
Тој повеќе пати обвини за ширење лажни вести за на крајот од својот пост на Фејсбук да ги повика Наум Стоилковски и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром Дејан Митевскии да дојдат во просториите на општината и да извршат увид во документацијата.
Кога поканетите дојдоа на увид градоначалникот на беше на своето работно место.
Повеќе за посетата и видеото од настанот на овој ЛИНК






