Адвокатот Јанаки Митровски утре наутро треба да се појави на информативен разговор во полициската станица Беко во Скопје.
Повикан е по пријава дека предизвикал страв кај еден од најголемите бранители на власта на СДСМ и ДУИ меѓу новинарите.
“Со Саше се видовме пред суд и се решивме да правиме интервју – во негов стил. Саше се нашол уплашен па ме пријавил во Беко каде утре сум во 08.30 по повод поплака. На крај на интервјуто сам кажува дека не му смета што го снимам, патем на јавен простор!”, пишува адвокатот Митровски за средбата и шегата која го носи во полиција.
Новинарот Саше Ивановски на крајот на видеото вели дека нема проблем со тоа што Митровски го снима со телефон во негов стил но сепак го пријавил во полиција.
Предходно Митровски најави тужба за клевета против Ивановски поради текст кој според Митровски е нарачан од членови на кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Митровски важи за објективен критичар на сите власти и човек без “влакна на јазикот”
Видеото на линкот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10226079680157985&id=1216645561






