Србија има вложено четири милијарди евра во автопати

Во Србија се гради сообраќајна инфрастуктура во вредност од речиси 4 милијарди евра, а до крајот на годинава се планира и почетокот на изведба на проекти вредни 2 милијарди евра, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ. Таа посочи дека во изградба се 330 километри автопатишта и брзи сообраќајници.



Таа изјави дека вложувањето во инфраструктура и растот во градежната индустрија го подигнал и економски раст во првиот квартал што ветува дека е можно годинава да заврши со предвидениот раст од 6 проценти.

„Иако секторите туризам и угостителство и сообраќај беа тешко погодени во пандемијата, сепак некои сектори како ИТ, банкарството и одредени стручни услуги покажале дека се навистина отпорни“, изјави таа.