Премиерот Зоран Заев вели дека за разлика од некои други спорови меѓу други држави кои се влечат со децении, тој и неговата влада се многу поекспедитивни.



„Поуспешни сме од било кои други договори што се постигнати во модерна Европа“, веливпретседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за „Фокус во кое, меѓу другото наведува дека тој е „решавач а не предизвикувал на проблеми“.

„Еве да земеме, на некои историските комисии им требало и по 20 години да дојдат до решение. А, ние во првите две години успеавме да се договориме за пет историски ликови и три историски периоди и ги славиме заедно. Историјата билатерално да се решава и за неа да разговараат експерти и историчари, иако историјата е динамична наука и секој има право на различни погледи, аргументации и докази за својата автентичност. Очекуваме одговорност и од другата стана, затоа што имаат обврска во Договорот за континуирано поддржување и помагање на РСМ. Јасно кажав дека Бугарија еклатантно го крши членот 2 од Договорот. Тие секогаш искажуваат незадоволство од реализација на Договорот, но не треба да се заборави дека нашата земја помина низ референдум, промена на Уставот, а дојде и пандемијата“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Фокус.