Град Скопје преку јавна набавка за 30 чешми троши по 1.500 евра за една, но никој не знае каде се тие чешми.



Ниту градот дозволува увид, ниту фирмата доказ за сработеното, вели за „Заспиј ако можеш“ Александар Трајановски, советник во Совет на Град Скопје од коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Трајановски вели дека за таа јавна набавка ден денешен чека кабинетот на градоначалникот како советник да му одобри увид во документацијата, но истата се крие.

„Има јавна набавка која се повторува. Увидов дека сумата се пресликува секоја година и тоа паушал кој е договорен со правно лице. Во 2020 година набавката се дели на две ставки годишно и секогаш се јавува истата фирма и никогаш не се јавува конкурент. Кога ќе ја видите спецификацијата таму се околу 14 чешми од еден тип и уште 17 друг тип, за пиење вода, и прашањето е дали се нови или реновирани, и бараме документација за реализација на услугата. Носителот е должен да достави документација за сработеното“, вввели Трајановски.