„Политичарите ги решаваат проблемите и обезбедуваат услови да се решаваат проблемите. Имавме политичари кои проблемите ги ставаа под тепих. Најлесно е да го заобиколите проблемот и ништо да не коментирате“ вели премиерот Зоран Заев во интервју за Фокус.
„Досега не сум направил никаква штета на државните и националните интереси, туку напротив, не само што ги имам сочувано, туку и доафирмирано и потврдено, како што е тоа македонскиот јазик и идентитетот, кои се впишани во личната карта на Република с. Македонија во Обединетите нации и никој повеќе не ги спори, затоа што тоа е најголемата светска организација.
Сум се потврдил како решавач на проблеми, а не како предизвикувач, како што голем број од нашите политички опоненти го правеа во минатото. Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога. Тоа е најголемата потврда какви сме и какви политики носиме. Но, за мене најголема потврда се последните парламентарни избори“, вели Заев во интервјуото за „Фокус“.







