„На 26 мај бугарскиот амбасадор беше повикан во руското МНР каде му беше врачена дипломатска нота од Министерството, со која вработен во Амбасадата се прогласува за персона-нон-грата”, се вели во соопштенеито на Министерството за надворешни работи на Руската федерација.
Во април официјална Софија протера руски дипломати, а потегот од Москва е реципрочна мерка.
„Како реципрочна мерка Русија прогласи лице од бугарската Амбасада во Москва за персона-нон-грата” соопшти руското МНР.






