Трибина: Има ли потреба од промена на учебниците по историја?

Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ), денеска ќе одржи научна трибина насловена „Потребата за промена на учебниците по историја: осовременување или политизирање?!“.



Ова е прва трибина од серијалот во рамки на одбележувањето на јубилејните годишнини од  револуционерната борба за државност и за независност.

Како воведничари на форумот се најавени претседателот на ЗИРМ проф. д-р Митко Б. Панов кој воедно ќе ја модерира трибината, и проф. д-р Катерина Тодороска, доц. д-р Игор Јуруков, м-р Александар Јаневски  м-р Борче Милошески.

„Со овој настан, ЗИРМ, како најстаро здружение на историчари во земјата со седумдецениско постоење, го започнува серијалот на научни трибини, тркалезни маси, предавања, симпозиуми, адресирајќи ги актуелните прашања поврзани со македонската историја, историографија, државност, нација. На овој начин, ЗИРМ ги одбележува јубилејните годишнини од  револуционерната борба за државност и за независност“, стои во соопштението.