При реконструкција СДСМ и ДУИ ќе сменат неколку клучни министерства

ДУИ го зема МВР, Спасовски оди во Одбрана, ако се реконструира Владата, објавуваат дел од медиумите на албански јазик.



„Во владината реконструкција, за која јавуваат сигурни извори, најголеми промени се очекуваат во Министерството за внатрешни работи, за кој се очекува да го преземе ДУИ, а актуелниот министер за внатрешни рабопти Оливер Спасовски се очекува да премине во Министерството во одбрана. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ќе се врати на позицијата вицепремиер за евроинтеграции на местото на Никола Димитров, кој ќе замине на позицијата амбасадор на Македонија во САД.“ – објавува денес информативната агенција на албански јазик ИНА, која важи како блиска до паријата на Али Ахмети.

„Во моментов не се споменува чие било име како можен кандидат за во МВР, но како посериозно име се споменува актуелниот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши“ – наведува ИНА.
. Во воениот конфликт Назим Буши познат и како „Капетан Адаши“ беше командант на ОНА во 114 -тата бригада во Кумановскиот регион.

„За да го земе МВР ДУИ ќе го даде Министерството за финансии, или Министерството за надворешни работи. Ако ДУИ го даде Министерството за надворешни работи, тогаш како кандидат за прв човек во МВР во комбинаториката влегува Бујар Османи. Но, ова зависи од односите, кои сака да ги гради во Тетово во иднина претседателот на ДУИ Али Ахмети со потпретседателот Изет Меџити. Но, претходно Бујар Османи од ДУИ ги отфрли како невистинити гласините дека ќе има реконструкција во Владата. Во емисијата ‘Клик плус’ пред неколку дена Османи рече дека ‘Владата и министрите работеле добро“ – пишува ИНА.