„Пукнатини се појавуваат во новиот реформски пристап кон основното образование, како голем проект на министерката за образование Царовска. Обврзување на образовни реформи сосила не успева, дури е и опасно. Реформите мора да донесат современи правила, принципи и содржина, а не незадоволство, отпор, протест и референдум. Овој концепт на реформи, овој проект се чини дека пропаѓа од самиот почеток.“ – истакнува поранешниот политичар и универзитетски професор по педагогија Џеладин Мурати во својата колумна, која ја објавува весникот на албански јазик „Лајм“.
Авторот на колумната е недвосмислен: „Премиерот Заев стои зад реформскиот проект со неговата влада, додека Царовска е само инструмент. Ова што се случува со образованието не е разумно. Никој не е против квалитетни реформи, кои носат нови вредности и модернизација на знаењето, но реформата бара студии, длабинска анализа, подготовка без избрзувања, обемни консултации и етапни реформи чекор по чекор.“
Мурати оценува дека „оваа сепаратна реформа нема да биде успешна поради крајните поларизации“ и и порачува на Царовска: „ Образованието и училиштето се подложни само на педагошките законитости, на дидактичко – методичките барања за исполнување на мисијата на образованието и на училиштето, како и на сопштествените и индивидуалните интереси на ученикот. Политизацијата и пристрасноста на образованието го кочат остварувањето на мисијата и на функцијата на образованието на образованието и на училиштето. Единствениот начин да се избегнат несогласувањата е Царовска да дебатира со прореформската групата што ја поддржува реформата, но и со противниците на реформата.“
Овој експерт за педагогија нагласува дека „дигитализацијата на книгите, програмите, на наставата е неизбежна, но оти тоа ќе се случи во некое друго време, можеби по 10 години“, поставувајќи и прашање: колку е штетна дигитализацијата за менталното и физичкото здравје на децата?
Во одговорот на тоа прашање Мурати констатира: „Останувањето пред компјутер негативно влијае на формирањето на детето, предизвикува депресија, стрес, агресија, зависност. Долготрајната употреба на компјутер ги исклучува децата од реалноста, ја дезорганизира неговата личност и карактер. Останувањето подолго време на интернет влијае на влошување и оштетување на менталното и физичкото здравје.“
„Експертите и добрите познавачи на образованието треба да играат сосема поинаква улога, без оглед што Царовска не прифаќа друго мислење и продолжува да ја врши својата работа, како да е најучена и најкомпетентна за започнатите реформи. Треба да се формира совет од експерти и советници од различни профили, кои, предводени од Министерството за образование, ќе учествуваат во сеопфатен процес на социјална и педагошка консултација околу образовните реформи.“ – заклучува во својата колумна Џеладин Мурати, која ја објавува „Лајм“.






