Полска со лотарија ќе стимулира вакцинирање на граѓаните

Владата на Полска одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на 1 јули и која има за цел да го стимулира процесот на вакцинација против Ковид-19.



Предвидени се награди а главната добивка е еден милион злоти (274.000 американски долари) изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА.

Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура дека ќе го сторат тоа. Дворчик потсети дека истакнати спортисти и актери биле вклучени во кампањата за вакцинација.

Досега се аплицирани 18,3 милиони дози вакцини во Полска, која има над 38 милиони жители. Досега целосно вакцинирани се 5,6 милиони луѓе.