Радев денеска во Скопје – со Пендаровски ќе отпатувааат во Рим

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска на Меѓународниот аеродром Скопје ќе го пречека бугарскиот колега, Румен Радев, по што ќе одржат тет-а-тет средба.



По завршување на средбата, двајцата претседатели со државниот авион на Бугарија, ќе отпатуваат за Рим, каде што заеднички ќе оддадат почит на делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Двајцата претседатели утре ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на светите браќа.

Тие ги предводат делегациите на двете земји, кои ќе ги посетат Рим и Ватикан во чест на сесловенските просветители.

Тоа ќе биде единствената заедничката активност на двајцата претседатели, а Пендаровски и Радев утре по оддавањето почит на сесловенските проветители ќе имаат изјава за медиумите.