Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче-Велес во својот најнов оглас бара кадар кој може да биде со образование од екологија но и Етнологија или Социологија.
Што би работел етнолог или социолог во претпријатие што се занимава со дистрибуција на вода не е јасно но во Велес и Велешко сите знаат кој е човекот кој има најголеми шанси да ја добие работата и од која партија е.
ЈПВ Лисиче-Велес, со седиште на ул.“Вардарска“ бб. Велес, тел.043-212-442, e-mail: jpvlisice@gmail.com има потреба од вработување на:
Советник за социјални аспекти при спроведување и реализација на проекти , со статус на давател на јавни усуги, со шифра КДР 0305 А01 087 -1(еден) извршител со исполнување на следниве услови:
Стручни квалификации: Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
Вид на образование: Животна средина, Етнологија, Социологија
Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, преку приложување на потврда, пишува во огласот на ЈПВ Лисиче.
Директорот на ЈПВ Лисиче пред неколку недели на ТВ зборуваше за професионалноста на институцијата што ја води.
Етнолог бараат. Навечер е енолог, оти сите го знаат кој е уште пред изборот. pic.twitter.com/uffEewj6pX
— Лимузина (@Kkk25146948) May 25, 2021
Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче-Велес е основано со Одлука на Владата на Република Македонија бр.23-4371/1 од 24/07/2001 година и објавена во Службен весник на РМ бр.66/2001, а е запишано во Трговскиот регистар на Основниот суд Скопје 1 со Решение бр.2979/01 од 05/10/2001 година.
Јавното претпријатие работи под фирмата: ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО ЛИСИЧЕ-ВЕЛЕС. Во правниот промет Јавното претпријатие работи и со скратен назив кој гласи ЈПВ Лисиче-Велес.
Седиштето на претпријатието е во Велес, на улица Вардарска бб.
Основните надлежности на ЈПВ Лисиче -Велес се уредени во Закон за води и Закон за водостопанство, согласно одлуката на Владата на РМ.





