Барселона, со која во 2015 година ја освои својата единствена европска клупска круна, е последната пречка пред Кирил Лазаров и Нант до финалето во ракометната Лига на шампионите.
Најдобриот македонски ракометар токму против Барса, со која има три настапи на завршниот турнир, ќе атакува на своето петто финале, а полуфиналниот дуел со Каталонците е закажан за 12 јуни во арената „Ланксес“ во Келн. Во другото полуфинале ќе се сретнат Пари Сен Жермен и дебитантот Олборг од Данска.
За селекторот и капитен на македонската репрезентација ова ќе биде деветто полуфинале во ЛШ и седми фајналфор откога елитното клупско натпреварување завршува во сегашниот формат.






