„Двојник 2“: Тежок бразилски камен на плеќите на Спасовски и Јовески

Вчера објавената сторија на новинари од Бразил отвара многу можности за македонските власти целосно да го расчистат случајот со 215 македонски пасоши со лажен идентитет издавани од МВР на Оливер Спасовски.



Според сторијата бразилското разузнавање го идентификува меѓународниот мафијаш Хамаис како главен посредник за префрлање на кокаин кон Балканските нарко групи.

Бразилската служба АБИН за новинарското истражување објавено вчера известило дека ги активирала своите мониторинг системи, оперативни капацитети, партнерите за странски служби и Сисбин (бразилски разузнавачки систем), со цел размена на информации што можат да помогнат во идентификувањето на криминалната мрежа на Хамаис.

Доколку од Рио Де Жанеиро не побарале помош сега македонските власти, МВР, Спасовски, Агенцијата за разузнавање и други институции можат да понудат/побараат помош со цел расчистување на случајот.

По откривањето на деталите од Бразил за носител на македонски пасош кој сега е во затвор во Турција се поставува логично прашање зошто Јавниот Обвинител Спасенка Андонова не покажува интерес да изврши разговор или побара екстрадиција од Турција за сега притворениот Хамаис.

Важни прашања за Спасовски но и за неговиот шеф Заев

Хмаис е корисник на македонски пасош со украден идентитет на Таќо Вурмо кој од јули 2020 години се наоѓа во затвор во Турција?

Хмаис доколку тоа го сакаат македонските власти пред се Оливер Спасовски и обвинителството можат да го обвинат за кривични дела во Македонија и да го донесат во Скопје со цел да се расчистат низа прашања:

Кои се соработниците на Хамис во Македонија, како тој закажал термин за сликање во МВР, како комуницирал со службениците на МВР, колкави пари се платени за издавање на пасошите, каде оделе огромните суми, кој посредувал да го извади пасошот, каде престојувал и патувал со пасошот, дали купил имот на име Таќо Вурмо и многу други.

Посебно чувствително е прашањето зошто Јавниот обвинител Љубомир Јовевски се уште нема преземено дејствија за отворање на нова истрага “Двојник 2” за последиците од употребата на Македонските пасоши со украден идентитет од страна на 215 нарко босови, криминалци и терористи?

Во целата драма околу издавањето на 215 пасоши на мафијаши сензитивно е прашањето зошто во Двојник 1 не е обвинет ниту еден од тие што добиле незаконски македонски пасош иако биле свесни дека ги добиваат нелегално.

Со вршење на кривично дело на македонска територија тие мораат да бидат гонети но засега се третирани како амнестирани од страна на македонските власти.

Зошто тие воопшто не се гонат а наводните сторители беа експресно осудени на мали казни е прашање за Спасовски и Јовески за кое еден ден ќе мораат да дадат одговор.

Вчера бразилски истражувачки центар повикувајќи се на бразилските служби за безбедност објави сторија со содржина која мора да биде третирана од македонските власти и обвинителство.

Спасовски на потег: Бразилското разузнавање откри еден од главните мафијаши со македонски пасош

Последна вест

Министерска фатаморгана на автопатот https://www.expres.mk/kade-ischeznaa-730-rabotnici-i-365-mashini-od-avtopatot-ohrid-kichevo/