Власи: Вучиќ би го признал Косово ако ја добие Република Српска!

Поранешниот косовски политичар Азем Власи верува дека српскиот претседател Александар Вучиќ би ја признал независноста на Косово ако за возврат ја добие Република Српска.



Тој посочи дека идејата за „можни компромиси“ треба да се разјасни.

„Вучиќ постојано зборува за тоа, за некое компромисно решение, без никогаш да разјасни што сака да каже со тоа. Каков компромис, за кои прашања и што треба да значи. Тој свесно не објаснува, бидејќи очекува шанса или понуда од некаде според која “Република Српска се одделува од БиХ и се приклучува на Србија, по што би се одрекла од Косово“ вели Власи.

Според него Србија на Косово ќе бара само Заедница на српски општини и „екстериторијалност на манастири и имот на Српската православна црква “.