„Португалскиот предлог предвидува гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се имплементира“, откри МНР Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21.



Според него, предлогот кој пред неколку дена го донесоа португалскиот шеф на дипломатијата Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји отвора можности за надминување н а ќор-сокакот во кој западнаа бугарско-македонските релации по „ветото“ од Софија за напредокот на Македонија кон ЕУ.

И лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, по новинарско прашање, вчера оцени дека португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни.