Максим Димитриевски до колеги од СДСМ: Без лажни ветувања, молам!

Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ на официјален Фејсбук профил ги осуди функционерите од СДСМ за давање лажни и нереални ветувања.



 „СДСМ отсекогаш била партија со реален пристап, со издржани и реални ветувања кон граѓаните и ваквите анимации се во моментов чиста апстракција и лична желба за самопромоција на поединци, ова е нереален пристап и сметам дека со ваквите обиди само се губи во очите на граѓаните. Бидејќи секогаш сум бил реалист и човек што не сака да дава лажни ветувања, а воедно ме боли за вистината, сакам да ја информирам јавноста дека до ден денеска никој се нема консултирано ниту со мене ниту со службите во општината за реализацијата на вакви капитални проекти ниту пак истите се составен дел на развојната програма и буџетот на општината 2021-2022 година. Едно се желбите, друго се можностите и реалноста”, пишува во реакцијата Максим Димитриевски. 

„Лесно е да се црта и да се даваат идеи, многу потешко е да се обезбедат средства и да се реализираат проектите“ пишува Димитриевски во објавата која може да се види на следниот ЛИНК