По повод одбележувањето на Денот на независноста на Црна Гора, 21. Мај, градоначалникот Петре Шилегов со делегација од Град Скопје, реализираше официјална посета на Подгорица, каде се сретна со градоначалникот Иван Вуковиќ.
Градоначалникот Шилегов и делегацијата на Град Скопје присуствуваа и на поставувањето на камен темелникот на новото училиште во населбата Толоши, како и на завршувањето на изградбата на југо-западната обиколница на Подгорица и новиот мост на реката Морача.
Во рамките на посетата Градоначалниот Шилегов присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Куслевова Куќа, која претставува еден од најстарите објекти во центарот на Подгорица, изградена во почетокот на XX век.
По тој повод градоначалникот Вуковиќ изрази особено задоволство од присуството на градоначалникот Шилегов, особено заради македонското потекло на доктор Ристо Куслев кој, како што нагласи, претставува симбол на историската врска и пријателство на двата народи.
По повод денот на независноста во рамките на свечените активности беше реализирана и посета на Престолнината Цетиње, музејот на Кралот Никола и откривањето на новиот споменик на црногорската принцеза и италијанска кралица Јелена Петровиќ Савојска, која претставува една од најзначајните жени во црногорската историја
Извор Град Скопје






