СДСМ објави дека Заев силно се бори за татковината

Во соопштение за јавност од СДСМ тврдат дека Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата а тоа граѓаните го гледале секој ден.



“Немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат. Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.
Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Македонија да не успее”, се вели во партиското соопштение објавено вчера.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција, стои во соопштението на СДСМ.

Соопштението на овој линк