„СДСМ го крие неуспехот – граѓаните чувствуваат колку им е лесно“, се вели во реакцијата на двете најголеми опозициони партии од албанскиот политички кампус.
„СДСМ и Владата предводена од оваа партија заедно со ДУИ, уште еднаш се обидоа со делумни податоци да го сокријат неуспехот во управувањето со кризата предизвикана од пандемијата.“ – реагираат Алијансата на Албанците и Алтернатива по вчерашната прес – конференција на СДСМ, кој според соопштението се обидел да создаде позитивна слика за состојбата во стопанството со тврдењата дека се бележат успеси во сите области, пренесува весникот „Лајм“.
„Преку портпаролот Богданка Кузеска СДСМ се испофали дека просечната плата е зголемена за 6,8%, промовирајќи ги овие податоци како успех во управувањето со економските последици што ги носи пандемијата со ковид 19. Ова не може да се нарече успех, бидејќи вистината зборува за влошена економска и социјална состојба. Самите граѓани чувствуваат најдобро дека зголемувањето на просечната плата не претставува никакво олеснување за нив, во ситуација кога цената на електричната енергија се зголеми за 7,5 отсто во август и има предупредувања дека ќе се зголеми уште повеќе“, стои во соопштението на двете опозициони партии.
„Во последните месеци многу пати повеќе од просечната плата се зголемија цените на основните прехранбени производи, а маслото од 65 на 100 денари, што значи зголемување од 67%, овошјето за 2,3 отсто, пијалоците за 1 отсто, шеќерот за 0,8 отсто, како и цените на многу други производи . Во текот на минатата година, која Владата ја зема предвид, речиси 20 илјади граѓани останаа без работа“, велат од Алијансата на Албанците и Алтернатива во својата реакција.
Двете партии на Албанците во Македонија го побиваат тврдењето на СДСМ дека се бележи пораст на платите во Македонија посочувајќи.
„Просечната плата се пресметува процентуално од високите плати на службениците, кои ги има малку на број и ниските плати на граѓаните, кои се огромно мнозинство“, пренесува „Лајм“
Вчера СДСМ објави изјава според која владата постигнува успеси на сите полиња.
СДСМ: Испорачуваме успех со плати, правда, пандемијата и економија






