Богдан Илиевски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, ѝ реплицира на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за двете стратешки цели што ги исполниле.



„Вашите две стратешки цели беа 1. да срушите држава 2. тоа да го нарекувате прогрес. Како и секогаш досега низ историјата кога сте држеле власт. Најголемиот трик на ѓаволот, навистина, е што ги убедил луѓето дека не постои.

Но, ние, сите други, знаеме дека постоите. И додека постоите вие, ќе постоиме и ние.

п.с. Мислам дека едино Титопеткоски би им фалел на помалку луѓе од оваа вечнолузерска злоба“, ја коментира Илиевски изјавата на Шекеринска во „Само интервју“ на Канал 5:

„Имавме две големи стратешки цели, кои ги исполнивме. Првата беше да го урнеме режимот по демократски пат, што ја исполнивме, а втората беше членството во НАТО, кое исто така го сработивме“.