Најмалку 12 лица загинаа откако се откачила кабина од жичара и паднала во планинаки пределв во близина на езерото Маџоре во северна Италија.
Несреќата се случила во службата што превезувала патници од одморалиштето Стреза кон блиската планина Мотароне во регионот на Пијемонт, пренесе Би=Би-Си
Официјални лица соопштија дека две деца на возраст од пет и девет години биле однесени од местото на несреќата со хеликоптер во болницата во Торино.
Во твит со кој се потврдува најновиот биланс на жртвите, алпинистичките спасувачки служби предупредуваат дека вкупниот број жртви сепак може да се зголеми уште повеќе.
Валтер Милан, портпарол на алпската служба за спасување, за телевизијата „РаиЊуз24“ изјави дека жичарницата останала „згмечена“ откако паднала од толку голема висина.
Причината за инцидентот сѐ уште е нејасна, но локалните извештаи сугерираат на можно оштетување на кабелот што ја носел кабината.






