Студијата на Институтот за медицински истражувања на Србија, покажала дека една петтина од вакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“ не развиле антитела, а се во прашање лица претежно постари од 70 години.



За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаква реакција – иако е тоа под референтните вредности – може да се очекува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делумно заштитени, но има и такви кои воопшто не реагирале на вакцината, пишува српска „Политика“.

Докторите од Институтот сега се прашуваат како да се заштиат оние кои „не реагирале“ и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало позитивно да одговори.

Се очекува во Србија во еден момент со Синофарм да бидат вакцинирани повеќе од милион и 700 илјади луѓе.