Кина: Невреме уби 21 маратонец

Најмалку 21 лице го загубија животот како последица на ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратонот што се одржа во кинеската провинција Гансу.



Трката започнала вчера наутро од туристички центар на брегот на Жолтата река, а натпреварувачите мораа да поминат 100 километри низ длабоки кањони и ридови до плато, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

Кога маратонците стигнале до планинската делница од трасата, ненадејно заврнал град, студен дожд, силен ветер и нагло спуштање на температурата што доведе до трагедијата и покрај опсежната ација во која учествувале 1.200 спасувачи, пренесе Ројтерс.

Во ултрамаратонот учествувале 172 тркачи