Чума, неписмена, монструме…. : Тешки навреди по јавен повик на Царовска

Покрај речиси 200 лајкови, тешки навреди и жестоки пораки од граѓани доби министерката за образование и наука Мила Царовска на својот фејсбук профил.



Навредливите зборови кон Царовска беа упатени откако таа јавно промовираше конкурс за изработка на материјали за учење.

“Објавен е конкурс за избор на автори за изработка на материјали за учење за четврто одделение според новите наставни програми. Ги охрабрувам и повикувам авторите да се пријавуваат. Повеќе информации за условите се објавени на следниот линк: https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2021/05/konkurs-za-IV-odd.pdf”, напиша на својот профил министерката.

Во одговорите од кои над 90 насто се крајно негативни има многу тешки зборови за повикот на Царовска.

Меѓу другите зборови што се користат во коментарите министерката е квалификувана како чума, монструм, глумица, неписмена…

“Не лажи кога кога штом упорно туркаш проект против кој се огромното мнозинство од граѓаните јасно е дека тој проект не е добар и дека веќе се сте договориле со бугарските корумпирани политичари како да биде напишана или избришана македонската историја по учебниците. Плус знаеме како се пишуваат учебници (од партиски потрчковци)! Затоа објавувате огласи за учебници и за наставни програми дури сега, пред да почне новата учебна година односно во пет до дванаесет, што укажува дека се е веќе договорено и конкурсите се глума”, пишува еден граѓанин како одговор.

“Инстант реформи, трајни и квалитетни колку времето за подготовка”, се вели во друг коментар.

“Во септември вака и ученици ќе барате преку оглас, дома ќе ги школуваме!
Само продолжете, посилно со главата во ѕидот, кај и да е, ќе падне!”, вели трет граѓанин.

“На кого служите Вие, Царовска Мила? Контрадикторна и недоследна во своите изјави, пробувајќи да пробутате реформа, која воопшто не е приложна во нашето општество, вие сте срам за Македонците и местото не ви е воопшто во министерството за образование”, се вели во еден од коментарите.

“Реформи ќе прави, а авторите уште не најдени..септември зад врата, изгледа пак ќе го прерипнат како минатата година! Углавно има охрабрување!”, и порачува на министерката една Тања.

Царовска не одговара на ниту еден од коментарите.

Сите коментари меѓу кои нема ниту еден со поддршка на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=901669033712472&id=153058271906889

Најчитана вест

Нешто овде “не штима”

Колку “македонски Бугари” ја сакаат Бугарија? (ТЕЛЕВОТИНГ ЕВРОВИЗИЈА)