“Си биле еднаш едни Македонци и по долга борба се избориле за своја држава. Потоа ја изгубиле”.
Вака иронично но и трагикомично коментира професорката Симона Груевска Маџоска која објавува документ за темата “Мојата држава” од наставната програма за предметот Историја и Општество за 4 одделение во која се предвидува учениците да развиваат идентитет на граѓани на Република Северна Македонија.
Наставната програма која ја цитира професорката од Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков е нелогична ако се земат предвид изјавите на врвот на владата и на СДСМ кој тврди дека со договорите од Преспа и тој со Бугарија македонскиот идентитет е забетониран.
За наставната програма на предметите одговорен е ресорот Образование и наука кој во владата го води кадарот на СДСМ Мила Царовска што отвара дилема зошто таа толку инсистира на дигитални учебници наместо печатени.
Си биле еднаш едни Македонци и по долга борба се избориле за своја држава. Потоа ја изгубиле. pic.twitter.com/BvhPhPKlbf
— Simona Gruevska (@simonagrum) May 22, 2021






