Во оваа колумна се користат истражувања на уште двајца граѓани од кои едниот е новинар. Тие не сакаат нивните идентитети да бидат откриени поради страв од реваншизам.
Дали поранешниот министер за земјоделие Трајан Димковски незаконски вработил со основно образование лидер на партиски огранок на СДСМ ?!
Ова прашање се однесува на случај со лидерот на партискиот огранок на СДСМ во село Лисичани, општина Пласница кој според расположивите документи се вработил во Шумската полиција спротивно на законот според кој за ова работно место е потребно средно образование.
Документите покажуваат дека претседателот на општинската организација на социјалдемократите Амер Салифоски во моментот на вработување имал само основно образование.
За ваквото прекршување на законот сериозно може да се одговара пред Антикорупциската комисија, која по допрен глас ќе треба да го истражи ова вработување за кое поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски.
Тој спротивно на законот, во јануари лани потпишал решение за вработување во Шумската полиција на лице кое има само основно образование.
Тоа го потврдува и документот (образец М1.М2) кој надлежното министерство го испратило во Агенцијата за вработување.
Ваквиот потпис на министерот би требало да отвори работа и за јавното обвинителство според член 353-в за кривичното дело Несовесно работење во службата, за што е предвидена казна затвор од три месеци до три години.
Условите под кои може да се вработи некој во Шумската полиција се регулирани во членот 83 од Законот за шуми кој пропишува дека за работното место мора кандидатот да има најмалку средно образование.
Тоа ни го потврдуваат и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но оттаму тврдат дека Салифоски ги исполнил услоите за вработување во Шумската полиција.
– Лицето Амер Салифоски е вработено во Шумско полициска станица Кичево со соодветна стручна спрема (средно образование) и платата не е зголемена но беше најавена за зголемување за април со со потпишување на Колективниот договор со кој се покачија платите на сите шумски полицајци.
Ова во секторот Шумска полиција го велат во врска со информацијата дека откако бил распореден во Кичево на локалниот лидер на СДСМ му се зголемила платата по основ зголемен обем на работа.
На нашето прашање каде вработениот завршил средно образование, прво ни беше речено дека или во Гостивар или во Тетово, и не упатија до надлежниот сектор каде што, раководителката само ни рече дека „лицето ги исполнува условите според конкурсот“.
Дополнителни проверки потврдија дека вработениот не ги задоволува законските услови поради што некој ќе треба да одговара. Прв на удар е екс министерот од редовите на СДСМ.
За случајот се заинтересирани повеќе домашни и странски институции кои ги интересира како во Македонија се врши “заробување” на државата која што одамна требаше да биде ослободена од партиските стеги во кои локални лидери со основно образование стануваат товар за буџетот кој го полнат сите граѓани.
Инаку лицето Амер Салифоски е лидер на партискиот огранок на СДСМ во село Лисичани, општина Пласница, а во јавноста стана популарен по едно видео во кое тврдеше дека некој ја сменил бравата на штабот на СДСМ во село Лисичани.
Видеото стана вирален хит на социјалните мрежи
https://m.off.net.mk/lokalno/razno/zona-na-samrakot-epizoda-shtabot-moj-na-sdsm






