За разликата меѓу леви и десни влади: “Арач како никогаш до сега”

“Нов бран зголемени давачки оваа година…⛔
Државата (предводена од СДСМ) континуирано ги зголемува скоро сите давачки…
Арач како никогаш до сега…
СДСМ е арачлиска партија…”, пишува екс пратеникот Илија Димовски кој потенцира дека за прв пат после 30 години, под водство на оваа Влада на СДСМ, државата ги зголемува даноците и низа од други давачки и придонеси.



“Тенденцијата до сега (посебно на десните влади на ВМРО) беше да се намалуваат давачките кои граѓаните и фирмите ги плаќаат спрема државата, а на таков начин да се намали сивата економија,а да се приберат повеќе пари…
▪️СДСМ ја толерира и поддржува сивата економија, но ги зголемува давачките на оние кои и така редовно и целосно си ги плаќаат своите обврски…

➡️ Што се е зголемено со одлука на државни и локални органи (под водство на СДСМ) во овие 4 години?

1️⃣ Персоналниот данок се зголеми за широка категорија на граѓани и се зголеми опфатот на оданочување за кои ќе се применуваат новите прогресивни повисоки даночни стапки (се применуваше подолго време после доаѓањето на СДСМ на власт, сега привремено е одложен до 2023 година);
2️⃣ Данокот на добивка не се зголеми, но се зголеми даночната основица на која се пресметува, со што фирмите сега плаќаат реално поголем данок;
3️⃣ Придонесот за здравствено осигурување се зголеми за 0,2% од плата (претходната Влада го намалуваше);
4️⃣ Придонесот за пензиско осигурување се зголеми за 0,8% од платат (претходната Влада го намалуваше);
5️⃣ Два пати се зголемија акцизите за нафта (во вкупна вредност од околу 7 денари нови давачки по литар);
6️⃣ Струјата за над 8%;
7️⃣ Нови патарини на автопатите кои ги направи претходната Влада;
8️⃣ Цената на водата во повеќе големи градови се поскапи значително во овие 4 години, секако со одлука на советите и со дозвола на државното тело за регулација;
9️⃣ Градскиот превоз во ЈСП има нови многу поскапи цени;…

➡️ Што дополнително ќе се зголеми? (Веќе во процедура) ‼️‼️‼️

1️⃣ Данок на имот (во процедура во последно 3 читање во Собранието на Република Македонија);
2️⃣ Повторно големо поскапување на цената на струјата (побарано од државната МЕПСО, најавено од Премиерот);…

➡️ Што ново размислуваат да зголемат и покачат? ‼️‼️‼️

1️⃣ Повторна примена на поскапиот персонален данок од 1 јануари 2022, наместо од 1 јануари 2023;
2️⃣ Зголемување на ДДВ за 1% или 2% на сите производи и услуги;…

П.С. Во исто време нема капитални расходи (ништо не се гради)…
П.П.С. Државата е задолжена со нови 2,4 милијарди евра за само 4 години…
П.П.П.С. Се сменија сите закони за јавни набавки за да им се “олесни” процедурата на сите министри и директори…
П.П.П.П.С. Нема никаков економски развој…
П.П.П.П.П.С. Државата никогаш до сега немала поголем Буџет…”, пишува Димовски во својата анализа.