Руското издание на Евроспорт не ѝ дава (големи) шанси на фудбалската репрезентација на Македонија во дебито на претстојното Европско првенство, прогнозирајќи дека нема да освои повеќе од еден бод во групата.
„На прв поглед, Македонија е аутсајдер во групата. Од австрискиот тим загуби двапати во квалификациите, со Украина на Шевченко исто така ја очекува борба за пласман во плеј-офот, а тука е сè уште и моќната Холандија. Очигледно, момците ќе се борат, но тешко е да се очекува од нив повеќе од еден бод во групата.
(Обложувалницата) ‘Винлајн’ верува дека Македонија нема да добие ниту еден натпревар. Триумф на тимот во групата се проценува на коефициент 21, а на првенството – 480“, пишува во анализата на „црвено-жолтите“ на специјализираниот ТВ-канал на руски јазик.





