Министерот за здравство, Венко Филипче преку видео порака на Фејсбук објави дека вирусот стивнува по трите бранови.
„Ова ме охрабрува и ми дава надеж дека најтешкото помина, а ние го имаме најсилното оружје за борба против вирусот, вакцината. Имунизацијата против Ковид е во тек, а количините на вакцини постојано се надополнуваат. Досега ги заштитивме здравствените работници, вработените во ризичните категории и голем дел од возрасните сограѓани, а во моментот се одвива масовна вакцинација на населнието“, рече Филипче додавајќи дека само со масовна имунизација може да се спасат човечки животи и ќе се стави крај на кризата.
Вакцинацијата, вели министерот, е единствен начин да го вратиме животот онаков каков што го знаевме пред пандемијата, вели Филипче.





