Словенечкиот институт за јавно здравје (НИЈЗ), во соработка со белгиските здравствени власти, ја истражува трагичната смрт на сопругата на еден словенечки дипломат во Брисел, која по вакцинирањето претрпе венска тромбоза и почина од мозочен удар во болница, откако беше во критична состојба неколку дена.
Жената, помлада од 40 години, била вакцинирана пред десетина дена со вакцина на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, а првите тешкотии ги почувствувала по неколку дена.
Според Словенечката телевизија, таа најпрво добила главоболка и оток на ногата, а на лекарски преглед ѝ дијагностицирале длабока венска тромбоза, по што претрпела мозочен удар и починала во болница по неколку дена во критична состојба.
„Џонсон и Џонсон“, како и „АстраЗенека“, е векторска вакцина за која е утврдено дека предизвикува згрутчување на крвта во исклучително ретки случаи. Ова е потврдено и од Европската агенција за лекови (ЕМА), која продолжува да ги следи ваквите случаи.






