Стоев не стои на ставот дека Бугарија треба да ја блокира Макадонија

Министерот за надворешни работи во привремната влада во Бугарија, Светлан Стоев, денеска денеска изјави дека Софија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот



По средбата со португалскиот колега, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во Софијам, Стоев изјави дека очекува „соседите во регионот“ да работат во дух на искреност и конструктивност, нагласувајќи дека постои целосен континуитет во бугарската политика во однос на ц.Македонија и дека за Бугарија останува клучно да се одржат добрососедските односи и да се спроведува Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, јавува МИА.

– Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство, изјави Стоев.

Тој изјави дека се надева оти Бугарија и Северна Македонија ќе работат заедно за да се најде одржливо и трајно решение за отворените прашања во меѓусебните односи.

Евроомеарот кој поплладнево се очекува во Скопје вели дека „во моментов има два процеси на проширување – започнување на следните меѓувладини конференции за Црна Гора, како и за Албанија и Северна Македонија.

– Сега беше време да имаме директни консултации во Софија со Бугарија. Тие ќе бидат од големо значење за тековниот процес, додаде Силва.