Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по седми пат во својата пребогата кариера ќе игра на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, на кој со Нант ќе атакува на својата втора европска клупска круна по единствената досега со Барселона.



Од пред десет дена 41-годишниот селектор и капитен на репрезентацијата на Македонија постигна четири гола во реваншот со Веспрем, кој гостите од Франција го загубија со 32:30, но го елиминираа „џелатот“ на Вардар благодарејќи на победата од 32:28 во првиот дуел.

Левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков два пати се запиша во листата на стрелците за Веспрем, кој во осминафиналето го елиминира првакот на Македонија и двократен европски шампион.

За Нант и за Лазаров како негов десен бек ова ќе биде втор фајналфор во ЛШ по 2018 година, кога во француското финале беа поразени од Монпелје.

Покрај Нант, на 28. Ф4-турнир во овој формат ќе настапат и Пари Сен Жермен, Барселона и дански Олборг.