Основниот кривичен суд во Скопје ја одби понудената гаранција од 10,8 милиони евра и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, останува во притвор.



„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован. Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела, како и висината на изречената казна“, велат од судот пренесе 360 степени.