„500 илјади вакцини од Синовак ќе пристигнат на почетокот на јуни како и 100 илјади вакцини од Фајзер преку КОВАКС системот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, на крајот на мај, ќе пристигнат и руските вакцини, но засега нема потврда.
Министерот вели дека има сосема доволен број на вакцини за да се задржи сегашното темпо на вакцинација.







