Скандалот со отпадното масло, кој го објави од ИРЛ (истражувачка репортерска лабораторија), открива дека во суштина станува збор за тешки токсични горива кои се забранети во државите на ЕУ и како такви се строго забранети за употреба особено во урбани средини, реагира коалиција Алијанса/Алтернатива. Според партиите, овој скандал го откри вистинскиот лик на оваа влада која што и по цена на труење и ставање во опасност на животите на граѓаните, „решена е да ги задоволува личните бизнис интереси и на своите блиски поединци како што е случајот со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев“.
Три години по ред Владата свесно и заради профит ги труела граѓаните, сметаат двете партии и упатија прашања до премиерот Заев:
„Како е можно стотици илјади тони токсичен отпад од тешки горива да поминат низ царинска контрола и никој три години да не го регистрира тоа? Која е Вашата улога како прв човек на Владата, кога веќе и јавно се дозна дека вашиот бивш заменик и пријател, Анѓушев, посредувал во партнерството помеѓу снабдувачката компанија Евротим од Кичево и Хифа Оил од Босна“?
Коалицијата Алијанса/Алтернатива им порачува на граѓаните дека во текот на 2018 и 2019 година кога Скопје, Тетово и Кавадарци беа најзагадените градови во светот, Владата на СДСМ-ДУИ, преку министерот за животна средина и вицепремиерот Анѓушев ги обвинуваа граѓаните дека токму тие го загадуваат воздухот со греењетона дрва, а дека сега се дозна дека токму тие се вистинските загадувачи и убијци со труење на граѓаните за лична придобивка и интерес.




