Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018 година. Поради проблеми на трасата, рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.
Во Собранието следниот месец ќе биде доставен Предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Сѐ уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на Договорот со изведувачот кинески „Синохидро“ истекува следниот месец.
Со новиот анексот не се предвидени дополнителни средства за реализацијата на проектот од сегашните проектирани 598 милиони евра.






