Како дел од парламентарната истрага против албанскиот претседател Илир Мета, постои список со 382 лица, претежно косовски Албанци, на кои им дал државјанство.



Тие косовски Албанци добија државјанство, како што пишува приштинска „Коха“, „за посебни заслуги“.

На списокот се имиња на роднини на косовските политички лидери, роднини на пејачи од Косово и семејства од Косово, Македонија и Црна Гора.

„Коха диторе“ посочува дека Мета им додели државјанство, повикувајќи се на клаузулата „национален интерес“, иако повеќето не ги исполнувале условите за добивање албанско државјанство.

Мета не се појави пред Анкетната комисија во вторникот, која истражува дали тој го прекршил Уставот и дали треба да биде отповикан, нарекувајќи го неуставен, нелегитимен и ненавремен.