Македонскиот претставник Васил Гарванлиев не успеа да се пласира во финалето на музичкиот натпревар „Песна на Евровизија“ во Ротердам, откако во конкуренција на 16 учесници на првата полуфинална вечер не се најде меѓу десетте финалисти.
На т.н. голема петорка и на домаќинот Холандија во финалето в сабота од вечерашното прво полуфинале ќе им конкурираат Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.
Покрај Македонија, финале не изборија ни Хрватска, Словенија, Австралија, Романија и Ирска.






