Според повеќе извори блиски до Реал Мадрид подолго време постои нетрпение кое е иницирано од желбата на Кристијано Роналдо: Асенсио, Иско, па и Лукас Васкез да имаат предност во однос на Герет Бејл и Карим Бензема. Идејата и не е лоша, со оглед на тоа како подолго време играат Велшанецот и Французинот.
Роналдо не е во лоши односи со Бејл, а со Бензема е и доста близок, но нивната форма од минатата сезона, која во гoлем дел се должи и на принудните отсуства, беше под нивото на Европскиот првак. Од друга страна, со младинците кои имаат полн респект, толкуваат шпанските медиуми, Португалецот би имал полна слобода да ги завршува site акции на кралевите.





