До крајот на јуни САД ќе донираат 80 милиони вакцини – 60 милиони дози вакцини „Астра-Зенека“ и дополнителни 20 милиони дози вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа.
Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во интензивирањето на напорите на САД да се справи со ковид-19 низ целиот свет, се додава во соопштението.
Следните недели, САД ќе го искористат своето лидерство и заедно со партнерите од Г7, ЕУ, Ковакс и други ќе ги координираат мултилатерални напори со цел ставање крај на пандемијата.







