На југот од земјава стасавме и ние, и гостинот Албанија која како учесник на последното Европско првенство, повисоко пласирана во моментов во групата, па и должник од лани е идеален противник за втора победа во низа, што нам не ни се случуло од поодамна. Инаку долгот што соседите го имаат кон нас е од минатата година кога во Скадар ни дадоа гол во 90 минута и не победија, а не не надиграа.
Но се е тоа споредно. Најважно е дали ние утре ќе можеме да се трансформираме од екипа која главно се брани или игра со засилен дефанзивен и среден ред, во тим кој ќе ја нагази, што ќе нападне отворено, со посед, со долги акции, но и со подотворени приоди кон нашиот гол. Оваа тактика е можеби опасна, и не мора да се практикува иако би било добро да се видат црвено жолтите во улога Барса, Сити, Германија и слични. Зошто таа, после победите и најмногу може да прави задоволство.
И натпреварот во Струмица меѓу Македонија и Албанија, и двата други на Италија и Израел, и на Лихтенштајн и Шпанија се утре од 20 и 45. Во нашата група има непознати само околу пласманот на средината зошто Шпанија е сигурно прва, а Италија не е загрозена за баражот. Албанците во моментов имаат голема разлика во однос на Израел и на нас, но треба да се знае дека тие по 8 коло кое е на програмата утре имаат два тешки дуела со водечките, додека Израел и ние имаме по еден меч со аутсајдерот во групата Лихтенштајн. Затоа од саботата велиме дека се е отворено околу позициите три и четири во конкуренција Г.





