„Пола“ ДУИ на шампионската промоција на Шкендија, Ахмети го крена пехарот

Новиот фудбалски првак на Македонија, Шкендија, станал партиски клуб на Демократската унија за интеграција или тоа е само перцепција по денешната шампионска промоција на тетовци, на која присуствуваше „пола“ раководство на интегративците.



Пехарот го крена лидерот на ДУИ, Али Ахмети, до него стоеше градоначалничката Теута Арифи, а покрај фудбалерите се фотографираа и собранискиот спикер Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши итн.