Меџити губи уште една внатрепартиска битка во ДУИ

Артан Весели е новиот кандидат на ДУИ за нов заменик – директор на Царините на Македонија, тврдат дел од медиумите на албански јазик.



Со тоа се чини победува струјата на вицепремиерот Артан Груби кој пред неколку дена од генералниот секретар Изет Меџити беше обвинет дека носи кадровски одлуки без дебата во партијата.

„Артан Весели од Тетово, моментно на раководна позиција во царината во Скопје, се очекува да го замени Ирфан Бучи на местото заменик – директор на Царината на Македонија, кој даде оставка пред два дена од семејни здравствени причини“ – објавува денес информативната агенција ИНА, повикувајќи се на сознанија од извори во Владата на Македонија.

„Во Владата нагласуваат дека очекуваат името на новиот кандидат за функцијата заменик – директор на Царината да го соопшти ДУИ, бидејќи таа позиција и припаѓа на оваа партија. Владата на една од наредните седници ќе донесе одлука за именување на вториот човек во Царината, кој ќе го замени Бучи“ – пишува ИНА.

Пред 4 дена на владата беше поставена точка за смена на Бучи по што веднаш била повлечена на што реагираше Изет Меџити.

Повеќе

Нов меѓуфракциски судир во ДУИ, немало внатрешната демократија