Одбиено барање на кумановски делегати на Конгресот на СДСМ од Заев

Според информации на порталот Фактор делегати на конгресот кои се од Куманово реагирале до врвот на партијата затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.



“(Делегатите) Обвиниле дека во Куманово предлозите за кандидати на ЦО ги правела мала група, а подоцна се исмејувале. Точката не била ставена на дневен ред, затоа што прво се избрал новиот ЦО, а Заев подоцна констатирал дека беспредметно било да се гласа за предлогот кога веќе го изгласа ЦО. Димитриевски кој процедурално се пријавил да се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и кажа како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму. Изјавил дека ќе дава поддршка на партијата, како и досега кога партијата се соочувала со многу големи предизвици од 24 декември и 27 април. Димитриевски истакнал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата”, пишува Фактор.

ИЗВОР