Еден ден откако ја одобри регистрацијата на Организацијата Крсте Мисирков, Грција нагло ја смени својата одлука и ја поништи регистрацијата, тврдејќи дека имало “проблеми со правниот застапник на организацијата и неговите повеќекратни судири со грчкиот правен систем”. Личноста на која се однесува оваа забелешка е отец Никодим Царкњас, кој е во судир со грчкиот правен систем само поради тоа што Грција смета дека декларирањето за Македонец и барањето основни човекови и малцински права за Македонците е кривично дело.
Ова се вели во реакцијата на Македонското меѓународно движење за човекови права во врска со одлуката на грчките власти да поништат регистрација на здружение на Македонци кај јужниот сосед.
“Не само што Европската Унија им дозволува на своите земји-членки постојано да ги кршат човековите права на своите етнички малцинства (во случајов Грција и Бугарија) туку ЕУ и ги охрабрува и поттикнува да ги кршат правата на македонското малцинство. ЕУ ги поддржа повиците на двете овие земји упатени кон Македонија да се избрише нашето име, идентитет и да се фалсификува нашата историја, се со цел да се задоволат барањата на Грција и Бугарија и нивната јавно и со гордост декларирана цел да негира постоењето на големите македонски малцинства во рамките на нивните граници.
Наместо ирационално да го слави потпишувањето на анти-македонските договори со Грција и Бугарија како “решавање на дипломатски спорови”, ЕУ мора да го осуди натамошното спроведување на овие договори, да ги осуди обете свои членки за брутално кршење на малцинските права и конечно да ги спорведе конвенциите за заштита на правата кои тие упорно ги прекршуваат”, се вели во реакцијата.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија
Нова хајка против новинарот што Заев го нарече суетен






