Социјалдемократите утре на дигитален конгрес ќе бираат нови органи. Делегатите треба да изберат 120 нови членови на Централниот одбор и девет членови на Надзорниот одбор, со мандат од 4 години.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска не ги откри своите адути за новото раководство. Кажа дека предлозите ќе бидат познати во текот на утрешниот ден, пренесува Канал 5.
На конгресот треба да се избере и нов заменик-претседател на партијата, функција на која до сега и припаѓаше на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а која денеска уште еднаш повтори дека не размислува да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период.
Според партиските процедури, по Конгресот лидерот на партијата Заев треба да го избере новиот состав на Извршниот одбор, новите потпретседатели и секретари на партијата, а потоа според најавите ќе бидеотворена и постапката за избор на кандидати заградоначалници.






