СДенеска се очекува да пристигнат 100.000 вакцини „Синофарм“, донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина.
Испораката на донацијата е договорена на средбата на Шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.
На крајот на минатиот месец во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.






