Службениците на грчкиот граничен премин Евзони не знаат кога ќе добијат одобрение од Атина за влез на странци, а предвидуваат дека тоа ќе биде ноќеска на полноќ или утре изутрина.
Граѓаните кои од утрово тргнаа на викенд во Грција се враќаат назад.
Премиерот Зоран Заев вчера од Атина, по средбата со колегата Кирјакос Мицотакис, најави дека од денес Грција ги отвора границите и македонски граѓани ќе можат да влезат во земјата со почитување на протоколите кои ги објави грчката страна.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека грчката влада се уште нема донесено формална одлука за отворање на границата кон Македонија.
Од денес требаше да се отвори граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела.







